Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски, цитирајќи го Милтон Фридман вели дека потрошувачите не ја создаваат инфлацијата, туку прекумерното владино трошење.
„Милтон Фридман за инфлацијата: „Потрошувачите не ја создаваат инфлацијата. Ниту производителите. Инфлацијата настанува единствено од прекумерна владина потрошувачка и прекумерно создавање пари — и од ништо друго.“ Интересно е што Фридман е еден од клучните економисти чии идеи традиционално ги следат конзервативните партии“, вели Миноски.
Додава и дека лекцијата е одамна поставена, а прашањето е дали има кој да ја препознае.
Слично
