Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министрите за надворешни Димитров и Захариева го финишираат договорот меѓу Македонија и Бугарија

Министрите за надворешни Димитров и Захариева го финишираат договорот меѓу Македонија и Бугарија

Финишираа преговорите на работните групи на Македонија и Бугарија за деталите од договорот за добрососедство. Во Софија Македонската делегација ја предводeше министерот за надворешни работи Никола Димитров, а од Бугарија неговата колешка Екатерина Захариева, која поред почетокот на работата го поздрави ваквиот чекор на Македонските власти посочувајќи дека тоа е за доброто на двете држави.

„Секогаш сме биле отворени. Подолго не сме добиле таква реакција од македонските власти претходно. Тие на пракса а, не само на зборови сакаат да го променат односот кон Бугарија.“ - изјави министерката Екатерина Захариева.

Договорот за добрососедство треба да биде потпишан на 2 август кога е и форумот на НАТО во Црна Гора на кој треба да присуствува и Македонска делегација. Сепак, иако дел од медиумите пишуваа за можно одложување во потпишувањето, коалицискиот партнер во власта на Борисов - Јулијан Ангелов во интервју за БНТ рече дека нема промена на планот ниту од страна на Македонија ниту од страна на Бугарија. 

Ангелов не открива детали од договорот, бидејќи како што вели е таен додека не се официјализира со потпис. Во интервјуто вели содржани се точки на кои Бугарија инсистира подолго време , а Македонија без тој договор и решавањето на спорот со името не може да влезе во ЕУ и НАТО.

„Во тој договор не можам да говорам за конкретни работи бидејќи тој се уште е таен додека целосно не се изјаснат двете држави. Но таму навистина се нешта за кои Бугарија настојуваше веќе 18 години да се случат. Македонија не може да влезе во НАТО и ЕУ додека не си го реши проблемот со името со Грција и додека нема договор за добрососедство со Бугарија и тоа е факт.“ - изјави Јулијан Ангелов ВМРО коалиција Обединети патриоти.

Извор: ТВ 24 

Слично

Поврзани вести