Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министрите ќе имаат на располагање не повеќе од 500 евра месечно за ресторани

Министрите ќе имаат на располагање не повеќе од 500 евра месечно за ресторани

Премиерот, вицепремиерите, министрите без ресор, генералниот секретар, другите именувани функционери, како и членовите на обезбедувањето во Владата, отсега ќе смеат да трошат само по 30.000 денари месечно по ресторани и кафеани, дознава Макфакс. 

Владата на 7 јули донела одлука за измени и дополнувања на Правилникот за користење на угостителски услуги на товар на средствата од буџетот наменети за овие услуги. Членовите на Владата, генералниот секретар и заменик-генералниот секретар, и другите именувани лица опфатени со овој правилник, имаат право на надомест во висина од 30.000 денари месечно, за угостителски услуги во угостителските објекти во надлежност на Службата на општи и заеднички работи на Владата, и надомест во висина од најмногу 500 евра, месечно, за угостителски услуги за време на службени патувања во странство.

За функционери од претходната владејачка гарнитура беа објавени фискални сметки од кои се гледа дека трошеле огромни суми пари за ручеци во ресторани. 

Слично

Поврзани вести