Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министрите Јанакиески и Тодоров ќе ги посетат повредените во железничката несреќа

Министрите Јанакиески и Тодоров ќе ги посетат повредените во железничката несреќа
Министрите за транспорт и врски Миле Јанакиески и за здравство Никола Тодоров ќе ги посетат повредените во несреќата во која утрово се судрија воз и автобус на патот Штип-Велес. Двајцата министри ќе ги посетат повредените патници, кои се хоспитализирани во штипската и во велешката болница. Јанакиески ќе го посети и местото на несреќата, каде што сеуште трае увидот за утврдување на точните причини. Првичните информации, според директорот на „МЖ-Транспорт“ се дека железничката сигнализација уредно работела, а дека шоферот на автобусот се обидел да ја заобиколи спуштената рампа која сигнализирала дека доаѓа воз. Овие информации ги потврдуваат и очевидци. Како се случил сударот на автобусот и возот?
Слично

Поврзани вести