Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министри заедно со градоначалничката Петровска ќе се растрчаат низ Битола

Министри заедно со градоначалничката Петровска ќе се растрчаат низ Битола


Владата на Македонија денеска за прв пат ќе одржи седница во Битола, а истата треба да биде прва од низата кои во наредниот период ќе се одржуваат во различни региони во државата.

Редовна 159-та седница ќе се оддржи во зградата на општината од 18 часот, со истата ќе претседава премиерот Зоран Заев, а ќе присуствуваат сите министри, додека како гости поканети се градоначалниците од Пелагонискиот регион, од општините Битола, Прилеп, Крушево, Кривогаштани, Долнени, Новаци, Могила и Демир Хисар.

Приоритет како точки на дневен ред ќе добијат информациите и одлуките за проекти од непосреден интерес на граѓаните на овие општини. Пред одржувањето на седницата , повеќе министри ќе се запознаат со спроведувањето на повеќе владини проекти во општина Битола.

Заедно со градоначалничката Наташа Петровска, Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов ќе извршат увид во работите на рехабилитацијата на регионален пат Прилеп-Тополчани-Битола. Увид со Петровска во напредокот на изградба на пречистителна станица за отпадни води во подпелистерските села Трново и Магарево ќе изврши заменик министерот за животна средина Јани Макрадули. Министерот за здравство Венко Филипче ќе го посети Здравствениот дом во Битола, кадешто пред 1 месец се пушти во употреба реновираната Служба за итна медицинска помош. Бо посета на РЕК Битола, ќе биде вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кој заедно со Макрадули и Петровска ќе ја промовираат мерката за инвертер клими. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе посети неколку мали групни домови во општината.


Слично

Поврзани вести