Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерството за здравство проверува дали имало злоупотреби со листите на чекање за операции

Министерството за здравство проверува дали имало злоупотреби со листите на чекање за операции

Министерството за здравство има сознанија за можни злоупотреби со листите на чекање за операциии - оди пациентот да се оперира, го враќаат назад да направи нова крвна слика, пациентот прави нова и излегува дека била добра, изјави министерот за здравство, Азир Алиу. 

Тој вели дека се проверуваат евентуални злоупотреби. 

„Има такви случаи од типот на пример оди пациент со рак да се оперира, се враќа назад бидејќи крвната слика не е доволно добра за да може да се оперира. Пациентот прави крвна слика во друга лабораторија, излегува дека сè е во ред. Но, мора да ги анализираме, работиме да ги детектираме таквите можни злоупотреби со листите на чекање. ​Исто така, листата на чекање треба да се чисти. Имаме пациенти кои што за жал веќе не се меѓу нас и тие треба да се чистат, но тоа не можеме ние како Министерство. Мора заедно со здравствената институција, законски мора заедно тие практично да ги чистат. И ние одиме со наши вработени физички таму за да може на лице место да се чисти и да се ажурира детално“, рече министерот. 

Алиу исто така рече дека не се откажува и од воведување на евиденција на работното место на лекарите со отисок од прст.

Во дел од клиниките веќе функционира системот и Алиу вели дека законски и по договор докторите и медицинскиот персонал треба да бидат на работното место и со тоа да се знае дека се на работа.

фото Фејсбук/Азир Алиу

Слично

Поврзани вести