МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ПРОНАЈДЕ ДУРИ 3.645 ОЗДРАВЕНИ ПАЦИЕНТИ УШТЕ ОД АВГУСТ - биле или отпуштени без да кажат болниците или странци
Министерството за здравство вчера пронајде дури 3.654 оздравени пациенти од коронавирусот, уште од август, кои оздравеле претходно, но досега за нив не се знаело.
„Дополнително, при проверка во системот се пронајдени оздравени 3.645 постари случаи кои се прикажани со денешните резултати (од месец август, случаи кои биле хоспитализирани и испишани без да не информираат болниците, странци и лица без матични лекари). Скопје – 1.583, Тетово – 652, Гостивар – 348, Куманово – 304, Кичево – 214, Прилеп – 84, Охрид – 76, Велес – 61, Битола – 48, Струга – 41, Дебар – 39, Струмица – 31, Ресен – 20, Македонски Брод, Делчево и Гевгелија – по 16, Штип - 13, Крушево и Радовиш – по 12, Кочани – 11, Кавадарци – 10, Неготино – 7, Македонска Каменица и Богданци – по 6, Свети Николе – 5, Демир Хисар и Виница – по 4, Пробиштип – 3, Берово – 2, Крива Паланка - 1.“, се вели во вчерашниот извештај на Министерството за здравство.
Не е јасно како досега можело да не се дознае и да не се добие информација за толку голем број на оздравени пациенти.
Инаку, вчера, беа направени 4.926 тестирања, а регистрирани се 344 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 143, Велес – 33, Куманово – 27, Штип – 19, Струмица – 15, Битола – 13, Прилеп и Кочани – по 12, Охрид – 9, Кавадарци – 7, Тетово, Крива Паланка и Кратово – по 6, Македонска Каменица – 5, Радовиш, Виница и Крушево – по 4, Гостивар, Струга и Гевгелија – по 3, Кичево, Пробиштип и Богданци – по 2, Неготино, Свети Николе, Берово и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани сe 339 оздравени пациенти од: Скопје – 168, Куманово – 28, Велес – 19, Кавадарци – 18, Кочани – 15, Кичево – 14, Штип и Прилеп – по 13, Струмица – 11, Битола – 6, Охрид и Гевгелија – по 5, Берово и Неготино – по 3, Пехчево, Делчево, Гостивар и Струга – по 2 и Радовиш, Виница, Ресен, Кратово, Свети Николе, Македонска Каменица, Богданци, Македонски Брод, Демир Хисар и Тетово – по 1.
