Министерството за здравство објави колку луѓе завршиле во болница по невремето
Вкупно 33-ца луѓе вчера завршија во болница по скопското невреме.
Неколкумина со тешки повреди, биле примени во болниците, информираше Министерството за здравство.
Во „Св. Наум Охридски“ помош побарале 22-ца повредени, од кои двајца се задржани на болничко лекување. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, на Клиниката за ТОАРИЛУЦ се примени 11 луѓе, од кои тројца имале скршеници. Сите повредени се во стабилна состојба.
фото Вангел Тануровски
Слично
