Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерството за здравство конечно со одговор: И сумата и документот се лажни

Министерството за здравство конечно со одговор: И сумата и документот се лажни

Министерството за здравство по неколку дена излезе со официјален став за наводната афера „Ла Верита, тврдејќи дека пролопжените документи за набавка на вакцини од Синофарм преку фирма-посредник не се автентични, а исто така од таму велат дека сумите од повеќе милиони долари кои се споменуваат се неточни.

„ВМРО ДПМНЕ свесно сака политички да профитира по цена да се наруши договорот за набавка на вакцини и по цена на здравјето на граѓаните. На помош на опозициската партија се и некои медиуми кои единствено од за нив разбирливи причини објавија таканаречен документ, кој е лажен, на ниту еден начин не е поврзан со процесот за набавка на вакцини, како што сакаат да и прикажат на јавноста. Во тој нивни „доказ“ се спомнува сума која е лажна иако сакаат да ја прикажат како цена за купување на вакцини. Партијата ВМРО ДПМНЕ и медиуми блиски до нив сакаат да одржат во живот афера која не постои, сакаат да пласираат во јавноста криминал кој не постои, сакаат да спречат Владата и Министерството за здравство да купат вакцини против Ковид 19“, гласи сооптението на МЗ.

Од таму велат дека документи во медиум не можат да бидат објавени бидејќи, како што тврдат, тие се строго доверливи.

„И ВМРО ДПМНЕ и медиуми блиски до нив многу добро знаат дека процесите за набавка на вакцини се доверливи, посебно цените на вакцините тоа е глобална политика на сите производители, но и покрај тоа свесно се обидуваат преку лажни информации да наведат дека, од една доверлива постапка излегуваат податоци и документи во јавност. Уште еднаш Министерството за здравство демантира дека документот и сумата наведена во истиот се поврзани со набавка на вакцини, потенцираме дека станува збор за лажен податок. “ стои во демантот од Министерството за здравство. 

Од министерството го осудуваат пласирањето на лажни информации. 

„Укажуваме дека за  функционално демократско општество подеднаква е одговорноста и на државните институции и на медиумите.“ додаваат од МЗ.


Слично

Поврзани вести