Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерството за здравство го повикува ВМРО - ДПМНЕ да не шири лаги дека во болниците нема кислород

Министерството за здравство го повикува ВМРО - ДПМНЕ да не шири лаги дека во болниците нема кислород

Министерството за здравство гo повикува ВМРО-ДПМНЕ да не шири невистини дека во болниците нема кислород и со тоа да ги одвраќа граѓаните да добијат бесплатен и квалитетен здравствен третман во јавно здравствените установи и да ги наведува да се задолжуваат, и да се лекуваат во приватни болници. 

„ВМРО - ДПМНЕ како најголема опозициска партија има на располагање ефикасен и конструктивен демократски механизам, а тоа е да ја употреби својата позиција да иницира легални решенија во рамки на законодавниот дом кои ќе бидат во насока на подобрување, на квалитетот на животот и благосостојбата на граѓаните. ВМРО ДПМНЕ не само што не го искористува овој механизам, туку покажа пракса на блокирање на антикризните мерки кои резултираа со доцнење на помош и друга финансиска помош на најпогодените во ковид пандемијата, исто како кога ВМРО ДПМНЕ го блокираше и процесот на изградба на модуларни инфективни одделенија за третман на ковид пациенти“, реагираат од  Министерството за здравство.  

Го поздравуваат правото на мирен протест, но го повикуваат ВМРО - ДПМНЕ да ја напушти праксата да организира јавни собири во време на пандемија, загрозувајќи го здравјето на граѓаните.

Опозицијата побара оставка од министерот за здравство, Венко Филипче, обвинувајќи го за неодговорно однесување. 

Слично

Поврзани вести