Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерството за Спутник В: Комуницираме со рускиот инвестициски фонд без посредник

Министерството за Спутник В: Комуницираме со рускиот инвестициски фонд без посредник

Неточни се информациите дека Македонија преку „посредник - српски државјанин“, ја набавила вакцината против Ковид 19, Спутник В, велат од Министерството за здравство.

Нивниот демант гои објавуваме во целост

Министерството за здравство ја информира јавноста дека набавката на вакцината Спутник В од самиот почеток се одвива во директна комуникација со Рускиот инвестициски фонд во Москва и нема никаков посредник во комуникацијата. Првите 3.000 дози вакцини веднаш пристигнаа откако МЗ го потпиша договорот за набавка на 200.000 вакцини од проиводителот на вакцината Спутник В.

За набавка на вакцини против Ковид 19, без разлика дали станува збор за Спутник В, Синофарм, Астра Зенека или Фајзер, или Ковакс механизмот, нашата држава ја плаќа цената на вакцината понудена од производителот. Министерството за здравство уште еднаш потенцира дека нема провизии за ниту една набавка на вакцини против Ковид 19. Ваквите лажни вести имаат за цел намерно да го нарушат процесот на набавки на вакцини. 

Министеретсвото за здравство ја цени и поддржува слободата на медиумите, истражувачкото и критичко новинарство, но укажуваме информациите до кои доаѓаат медиумите сериозно да ги проверуваат, како би се избегнало ширење на лажни вести.

Еве детали од тврдењето на посредникот. Тој дава изјава за Ал Џезира 

Слично

Поврзани вести