Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерството за правда ќе консултира експерти, дали упатството на ДИК е доволно за да се регулира учеството на независни листи на изборите

Министерството за правда ќе консултира експерти, дали упатството на ДИК е доволно за да се регулира учеството на независни листи на изборите

Независните листи од минатите избори веќе подготвуваат учество на локалните избори преку нови, нивни политички партии, додека се уште не се знае како ќе може други независни листи да учество на изборите. Владата очекува Државната изборна комисија тоа да го регулира со упатство, а експертите реагираат дека такво нешто не може да се стори преку упатството кое би го донела ДИК.

„Министерството за правда ќе има состанок со тие експерти, чекаме да видиме, ќе се постапи според закон, не надвор од закон“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Вчера Мицкоски посочи дека Изборниот законик, кој би го регулирал учеството на независните кандидати на изборите, е заглавен во Собранието, поради барања на ДУИ, а поврзани со работата на Државната изборна комисија.

Слично

Поврзани вести