Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерството за правда го достави до надлежните институции Извештајот за АКМИС

Министерството за правда го достави до надлежните институции Извештајот за АКМИС

Согласно најавата на министерот за правда, Билен Саљији на прес-конференцијата одржана по повод информирање на јавноста за извршениот увид во АКМИС-от, Министерството за правда информира дека извештајот од извршениот увид во функционалноста на информатичкиот систем и надзор над примената на одредбите од Судскиот деловник во судовите, е доставен на натамошно постапување до надлежните институции.

„Напоменуваме дека извештајот се однесува на увидот кој беше извршен во Основниот суд Скопје 1 Скопје, Апелациониот суд Скопје и Врховниот суд на Република Македонија, од страна на работната група формирана од Министерството за правда а согласно надлежноста предвидена во Законот за судовите и Судскиот деловник“ - информираат од Министерството за правда. 

Исто така напоменуваме дека во овој момент извештајот има статус на класифициран документ и истиот е означен со степен на доверливост.

Слично

Поврзани вести