Министерството за правда ги започна консултациите со пратениците
Министерството за правдо по двата неуспешни обиди да изнајде заеднички јазик со ВМРО-ДПМНЕ за судбината на СЈО, односно за Законот за јавно обвинителство, го започна планот Б - преговори со помалите опозициски партии и пратенички групи со цел обезбедување на двотретинско мнозинство.
Од таму велат дека се започнати консултациите со помалите политички партии и пратеници од опозицијата. Министерството за правда вели дека поддршката за Законот за јавното обвинителство е клучна за отворање пристапни преговори за Европската унија.
Министерството вели дека само законот кој ќе овозможи ефикасна борба против криминалот и корупцијата, а кој нема да содржи скриена амнестија, ќе биде во можност да ги отвори вратите на Европската унија.
Во Министерот очекуваат измените да бидат поддржани од страна на ВМРО-ДПМНЕ за „да се овозможи практична имплементација на сите меѓународни принципи во работата на Јавното обвинителство“
