Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерството за правда достави допис до Владата за разрешување на Коцевски

Министерството за правда достави допис до Владата за разрешување на Коцевски

Министерството за правда подготви мислење за предлог разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски кое го достави до Владата за натамошно процесуирање.

Како што соопштија од таму, ваквиот акт следува согласно Законот за Јавното обвинителство и Уставот на РСМ,  по заклучокот од  50-та седница на Владата на 11 февруари.

„Во изминатиот период бевме сведоци  на низа скандали, нарушена функционалност на Јавното обвинителство, нарушени меѓучовечки односи, незаконски постапувања и корупција, неефикасност во кривичното гонење и повреда на принципите на организација на Јавното обвинителство и самостојноста во вршењето на функциите на обвинителите во Вишото јавно обвинителство.

Државниот јавен обвинител на Република Северна Македонија постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе. Воедно, во јавноста беа лиферувани и информации и податоци за предмети, со што е повредена обврската за тајност во постапките.“, објави министерството.

Од таму додаваат дека Коцевски за својата работа ќе одговара пред Собранието, кое е надлежно за разрешување и именување на државниот јавен обвинител.


Слично

Поврзани вести