Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерството за одбрана ќе им ги продолжи договорите на 2.705 професионални војници

Министерството за одбрана ќе им ги продолжи договорите на 2.705 професионални војници

Министерството за одбрана објави дека им се продолжуваат договорите за работа на сите професионални војници кои имаат потпишано тригодишни договори за работа. 

Станува збор за 2.705 професионални војници.

Продолжувањето е за дополнителна една година. 

„Успешен социјален дијалог во министерството за одбрана. На предлог на Независниот синдикат за професионални војници и Независниот синдикат на одбраната, на сите професионални војници кои имаат потпишано тригодишни договори за работа ќе им се продолжат договорите за дополнителна една година“, велат од Министерството за одбрана во своето соопштение до јавноста.

Измените во Законот за служба во Армијата, од февруари оваа година предвидуваат професионалните војници да потпишуваат договори на секои четири години.

„Министерството за одбрана ќе потпише анекси на договорите на професионалните војници вработени пред да се донесе оваа измена, со што целосно се изедначуваат условите под кои се вработени професионалните војници и им се дава дополнителна сигурност. Вакви анекси на договори за продолжување на работниот однос ќе бидат потпишани со 2.705 професионални војници“, потенционираат од ресорот на министерката Радмила Шекеринска.

Слично

Поврзани вести