Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерството за образование пушти пари на сметка пред протестот на студентите

Министерството за образование пушти пари на сметка пред протестот на студентите

Пред протестот на студентите пред Министерството за образование и наука,министерот Јетон Шаќири на социјалните мрежи објави дека на нивните сметки се префрлени парите од стипендиите.

„Драги студенти, Додека го читате овој пост на вашата сметка ги имате средствата за стипендија сите вие студенти кои ги исполнивте условите за продолжување и ретроактивното плаќање со спогодба. Искрено сакам да изразам благодарност до сите сектори низ кои се одвива процесот на стипендиите додека не стигнат до вас.

Ве повикувам да ја искористите концентрацијата и енергијата за поголем успех на испитите кои ги имате оваа недела, апелирам да не дозволите да бидете манипулирани од дезинформации и злонамерни повици“, објави Шаќири.

Студентите денеска треба да протестираат пред Министерството за образование и наука поради, како што велат, неправдите врз нив и против неефикасното работење на ресорното министерство.

Преку протест студентите ќе искажат револт од ненавремената исплата на продолжените студентски стипендии, од задоцнетите исплати на ваучерите за превоз, од доцнењата со исплатите по склучувањето на спогодбите за ретроактивна исплата на стипендиите и проблемите со мерката субвенциониран студентски оброк.

Според нив, има потреба од поголема ефикасност на институцијата во која, како што велат, има непочитување на зададени рокови и нема координираност меѓу одделенијата.


Слично

Поврзани вести