Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерството за финансии: Исплатите на плати и надоместоци се вршат редовно, тврдењата на Левица се неосновани

Министерството за финансии: Исплатите на плати и надоместоци се вршат редовно, тврдењата на Левица се неосновани

Министерството за финансии ги отфрла informaciiteшто денеска ги пласира Левица дека во предизборниот период не се исплаќаат надоместоци за вработените во државните институции.

„Јасно укажуваме: Министерството за финансии нема одбиено налог за исплата на ниту една обврска кон работниците согласно закон, односно редовно се исплаќаат плати, додатоци и надоместоци за плата кои се однесуваат на работа за празник, ноќна работа, работа во недела, прекувремена работа, како и  правото за надоместоци на плата за починат член на семејство, теренска работа и слично согласно Законот за Буџети и Изборниот законик.

Затоа, сите тврдења на Левица се неосновани, злонамерни и имаат единствена цел – да шират паника и да манипулираат со јавноста.

На Левица им препорачуваме наместо да создаваат конфузија, конечно да го прочитаат Изборниот законик и Законот за буџети и да се информираат како функционира државниот апарат. Министерството за финансии ќе продолжи доследно да ја спроведува законската регулатива и да гарантира дека сите права на работниците ќе бидат заштитени“,реагираат од министерството.


Слично

Поврзани вести