Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерството за енергетика затвори рудник за јаглен во Струга

Министерството за енергетика затвори рудник за јаглен во Струга

На последната седница, Владата, на предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, еднострано ја раскина концесијата за рудникот за експлоатација на јаглен на локалитетот „Пискупштина“ во Струга. Истовремено, констатиран е престанок на важењето на уште четири концесии кои се истечени.

Одлуките следат по сериозни пропусти на концесионерите во исполнувањето на законските обврски. Во случајот „Пискупштина“, инспекцискиот надзор утврди дека концесионерот вршел експлоатација надвор од дозволеното поле, што претставува директно прекршување на договорот и законот. Жалбите од жителите на селото Пискупштина доведоа до детален инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за енергетика и рударство, кој ја потврди неправилноста.

Пред неколку дена опозицијата и екоактивистите реагираа дела гори рудникот за јаглен Пискупштина и го труе околното население со канцероген воздух. Иако жителите неколку дена алармираат за оваа еколошка катастрофа, ниту една институција не се одважи да реагира. 

Со овој рудник стопанисува приватен концесионер од Скопје уште од 2013 година, но периодов состојбата е алармантна заради натоложениот ископан јаглен кој лесно се пали, објави пред два дена Јована Мојсоска од Левица.

Слично

Поврзани вести