Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерството за дигитална трансформација ќе им плаќа изработка на нови веб страници на општините и институциите

Министерството за дигитална трансформација ќе им плаќа изработка на нови веб страници на општините и институциите

Министерството за дигитална трансформација објави јавен повик до единиците на локална самоуправа и институциите од јавниот сектор за изработка на официјални веб страници.

Од таму нагласуваат дека тоа е дел од иницијативата за дигитализација на локалната самоуправа, но и подобрување на комуникацијата на јавниот сектор со граѓаните преку современи дигитални решенија. Пријавите може да се достават најдоцна до 31.12.2025,

„Јавниот повик е во насока на унапредување на дигиталната инфраструктура и зголемување на транспарентноста и пристапноста на локалните самоуправи.

Право на пријавување имаат сите општини и институции од јавниот сектор во Република Северна Македонија, без разлика на нивната големина, број на жители или моменталниот статус на нивната веб страница.

Пријавите ќе се обработуваат по принципот „прв дојден прв услужен“ се до пополнување на расположливиот број на општини и институции што можат да бидат опфатени. Министерството ќе ги известува пријавените општини и институции за статусот на нивната апликација.

Министерството за дигитална трансформација ја охрабрува секоја општина и институција од јавниот сектор, да аплицира и да ја искористи можноста за модерна и интерактивна комуникација со своите граѓани“,информираат од министерството.

Слично

Поврзани вести