Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерството го испразни СЗ „Демир Капија“. повеќе нема ниту еден малолетник

Министерството го испразни СЗ „Демир Капија“. повеќе нема ниту еден малолетник

Од денеска повеќе ниту еден малолетник со попреченост во развојот нема да престијува во Специјалниот завод „Демир капија“, откако Министерството за труд и социјална политика „го испразни“ со проектот за деинституционализација.

Од таму денеска заминува и последната група деца кои ќе бидат сместени во мал групен дом во Скопје каде ќе добијат 24-часовна поддршка од лични асистенти со специјализирани индивидуализирани програми за работа и дефектолошки третмани, информираат од министерството.

Сите деца се распределени во три мали групни домови - Скопје, Тимјаник и Неготино.

Целта е до 2020 сите деца со попреченост до 2020 да бидат згрижени во посебни домови. Пред неполни три месеци целосно беше трансформиран Домот „25 Мај",а  до крајот на годината, пак, целосно ќе се трансформира и Домот за деца без родители „11 Октомври" во Скопје. 



Слично

Поврзани вести