МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Во Македонија има уште 38 излекувани пациенти од Ковид 19
Во Македонија има уште 38 излекувани пациенти од Ковид 19.
Со тоа вкупната бројка на оздравени е 627.
Ова го соопштуваат од Министерството за здравство. 38-те оздравени пациенти се во Скопје-19, Тетово-3, Струга-9, Битола-4 и Гостивар-3.
Има и двајца починати. Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврдени се 21 новозаболени и тоа во Скопје-8, Куманово-6, Прилеп-4, Струга-1, Тетово-1, Пехчево-1,
Денеска е соопштено дека и министерот за здравство, Венко Филипче и премиерот Оливер Спасовски по второто тестирање се негативни на Ковид 19. Вчера во земјата имаше шест жртви од коронавирусот.
Жена на возраст од 85 години е најстариот оздравен пациент од коронавирусот кај нас.
Слично
