Министерство за здравство: Погребот на Амди Бајрам да се организира според протоколите
Министерството за здравство апелира до најблиските на починатиот политичар Амди Бајрам да не организираат масовен погреб по неговата смрт откако се врати ос свадбата на неговата внука во Турција.
Од таму следат вакви повици откако кај починатиот Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на ковид-19.
„Министертството изразува сочувство до семејството и апелира, во интерес на заштита на нивното здравје, во целост да соработуваат со надлежните служби, како и да се избегнат сите погребни ритуали, а погребот да се спроведе согласно протоколите, како превенција од понатамошно ширење на инфекцијата од ковид-19“, соопштија од министерството.
Од таму потврдуваат дека долгогодишниот политичар веќе бил починат кога бил доведен во болница, а откако му бил земен брис, резултатот потврдил присуство на вирусот ковид-19.
