Министерство за здравство: Од тестирани 10, позитивни се 5
Попладнево на коронавирус беа тестирани 10 пациенти, од нив 5 се позитивни на вирусот, инфомираат од Министерството за здравство.
Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и 4 здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар. Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31.
Претходно, доктор Арбен Аголи откри дека меѓу здравствените работници од Дебар има заразени и дека амбулантата оди во карантин.
Слично
