Министерство за здравство: Од понеделник вакцинирање на вработените во основните и средните училишта
Министерството за здравство информира дека од понеделник ќе се вакцинираат вработените во основните и средните училишта во државата со цел од 1 септември новата наставна година да започне со физичко присуство на сите ученици.
„Овој процес на имунизација на наставниот и ненаставен кадар вработен во образованието, како дел од критичната инфраструктура го спроведуваме за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021/2022 година. Следната неделаќе започне закажувањето термини за вакцинација и на вработените во високо образовните институции“, информираат од МЗ.
Владата минатата недела ги прифати одделните планови за одржување на наставата во основното и средното образование согласно одлуките на Министерството за образование и наука (МОН) со повторно отворање на училиштата во учебната 2021/2022 година.
