Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Испратени се специјалисти психијатри за поддршка на граѓаните на Кочани

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Испратени се специјалисти психијатри за поддршка на граѓаните на Кочани

Од Министерството за здравство велат дека се во постојана комуникација со кочанската болница и ги ставаат на располагање сите расположливи ресурси според потребите на локалното население, особено денеска, за време на погребот. 

Додаваат дека во соработка со Клиниката за психијатрија, испратени се специјалисти психијатри за поддршка на граѓаните во овие тешки моменти.

„Во соработка со здравствените установи и Црвен крст е организирано и засилено присуство на медицински тимови, кои се достапни во текот на денешниот ден.  Министерството за здравство  останува во комуникација со сите засегнати страни, постојано ги следи потребите на локалното население и реагира соодветно на барањата на граѓаните. Апелираме за внимателно и етичко информирање во овие моменти на жалост, со емпатија, хуманост и солидарност.  Апел и за проверка на информациите со надлежните институции, бидејќи неточното информирање може да предизвика дополнителна вознемиреност. Министерството за здравство повторно изразува благодарност до сите поединци и субјекти, како и здравствените работници од државава и странство што го даваат својот максимум за соодветно справување со овој предизвик“, велат од Министерството за здравство. 

Во пожарот во Кочани во неделата загинаа 59 луѓе. Од искра од пиротехника се запали покривот на дискотеката „Пулс“. Голем број повредени се упатени на лекување во странство. 

Денеска уште тројца повредени се префрлени на лекување во Турција. 

Слично

Поврзани вести