Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерство за здравство: Д-р Жарко Караџовски позитивен на коронавирус

Министерство за здравство: Д-р Жарко Караџовски позитивен на коронавирус

Министерството за здравство денеска соопшти дека претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски е позитивен на вирусот Ковид 19.

Според известувањето, тој останува дома во изолација и се чувствува добро. Во изолација ќе биде и неговата сопруга.

„Според епидемиолошката анкета, д-р Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство,  колеги од ИЈЗ, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести“, гласи соопштението на МЗ.


Слично

Поврзани вести