Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерство за здравство: :Четири пациенти од странство пуштени на домашно лекување

Министерство за здравство: :Четири пациенти од странство пуштени на домашно лекување

Министерството за здравство во однос на хоспитализираните пациенти што ја претрпеа несреќата во Кочани информира дека нема промени во бројот на хоспитализирани пациенти од вчера, во Скопје вкупно се лекуваат 16 пациенти и се во добра општа состојба. Од нив по 6 се во стара градска и ГОБ 8 Септември и 4 во клинички центар.

На Клиника за токсикологија во последните 24 часа се примени 4 пациенти од странство и по направените токсиколошки анализи се пуштени на домашно лекување. Сите се во добра општа состојба.

Во текот на вчерашниот ден кај двајца пациенти од Солун има одредено подобрување и се екстубирани, од интензивна нега се преместени на оддел за пластична хирургија“, објави МЗ.

Кај останатите пациенти состојбата е непроменета од вчера, а за денес нема најава за враќање други пациенти од странство.


Слично

Поврзани вести