Министерство за труд и социјална политика: Силјановска да не подготвува оброци за СОС Детско село
Министерството за трд и социјална политика и порача на кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, да не подготвва оброци за СОС Детско село бидејќи тоа е приватна инститција која има договор со овој ресор и тие од таму веќе финансиски се грижат за менито за децата и младинците без родителска грижа.
„Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека СОС Детско село е приватна установа којашто згрижува деца без родители и родителска грижа врз основа на Управен договор склучен со државата, а трошокот за секое дете на месечно ниво го покрива надлежниот Центар за социјални работи и истиот изнесува 18.000 денари.
Освен користењето на месечниот надоместок, според договорот ПУ СОС-Детско село, има обврска децата да ги згрижува на начин кој е во најдобар нивен интерес, да им обезбеди, исхрана, облека, нега, грижа и воспитание до нивно враќање во семејството, односно до оспособување за самостоен живот и работа. Установата е должна на децата и младинците да им обезбеди посетување на основно и средно образование во соодветна установа, организирање стручна помош за успешно совладување на воспитно-образовните програми, да организира различни облици на работа и живот, како и да се грижи за нивното здравје“, велат од МТСП.
Силјановска денеска во својот граѓански штаб „Рекорд“ во Скопје подготвуваше оброци за децата од СОС Детско село со помош на неколк нејзини поддржвачи, а воедно и пати повик на социјалните мрежи тие што сакаат да и се придружат со донации и помош при подготовката.
„Неколку пати се обидовме да се вклучиме во тековни активности од овој тип, но исто така не сакавме истите да ги политизираме. Затоа решивме да почнеме нова активност, која се надевам, откако ќе станам претседателка, ќе стане традиција на која ќе се придружат и дипломати и познати личности“, беше напишано на „ Фејсбук“.
