МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ СЕ ОГРАДУВА ОД СЛУЧУВАЊАТА ВО М-НАВ: Вработувањата треба да се решаваат институционално
Министерството за транспорт и врски се оградува до состојбата во М-НАВ иако истакнуваат дека континуирано ја следат состојбата во М-НАВ.
Сепак од министерството додаваат дека немаат законска надлежност да влијаат врз интерните постапки за вработување, ниту, пак, да влијае врз финансиската самостојност на М-НАВ.
- Во неколку наврати, Министерството за транспорт и врски апелираше на соработка меѓу Синдикатот, вработените и менаџметот на Друштвото. Уште еднаш апелираме на професионалност и стручност во функционирањето на М-НАВ, притоа состојбите со административните постапки во претпријатието не смееат да влијаат на тековното работење на оваа витална институција за државата - велат од Министерството за транспорт и врски.
Нагласуваат дека авиосообраќајот во земјава мора да се одвива непречено во континуитет и без прекини и во таа насока упатуваат повик до сите инволвирани на професионлност и обавување на основната функција на Друштвото.
- Во однос на внатрешните прашања поврзани со постапките за вработување, тие треба да се решаваат институционално и доколку има забелешки на постапките тие да се водат во системот на државата - порачуваат од Министерството за транспорт и врски.
