Министерство за правда: Во тек е постапката за екстрадиција
Министерството за правда потврдува дека во тек се води постапка за екстрадиција на 15 лица од Македонија за кои Турција тврди дека се припадници на од нивна страна прогласената терористичка организација ФЕТО.
Сите се обвинети за тероризам, а барањата за нивно предавање на турските органи пристигнале оваа и минатата година. Постапката се забрза по пристигнувањето на турскиот министер за одбрана Хулуси Акар во Скопје, а од ресорот велат дека сепак треба да се внимава на домашните законски прописи.и дека и други институции во земјата треба да одлучуваат за процедурите.
"Во моментов има 15 барања за екстрадиција во Турција поврзани со обвиненија за тероризам. Сите овие постапки се во тек и надлежните институции комуницираат", велат од министерството во одговор што го пренесува РСЕ.
Од таму потврдуваат дека барања за екстрдиција не се однесуваат на македонски државјани.
