Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерство за правда: Се собираат документите за екстрадиција на Никола Груевски

Министерство за правда: Се собираат документите за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда реагираше по објавата на поранешниот премиер Никола Груевски на социјалните мрежи дека нема намера да ги преиспитува судските одлуки против него и дека се собираат документи за барање за негова екстрадиција.

„Министерството за правда постапува исклучиво согласно законите и меѓународните договори. Во однос на случајот со Никола Груевски, се преземаат сите потребни чекори за комплетирање на документацијата и нејзино соодветно процесирање во рамки на законската процедура.

Собирањето информации од надлежните судови има за цел да обезбеди целосна и точна правна основа за понатамошно постапување. Министерството нема надлежност да ги преиспитува правосилните судски одлуки, туку е должно да постапува по нив.

Воедно, нагласуваме дека сите постапки  се водат низ институционален процес и во соработка со надлежните органи на Унгарија, без влијание на политички изјави или квалификации.

Министерството останува посветено на владеењето на правото и почитувањето на правниот поредок“, објави министерството.

Пртемиерот Христијан Мицкоски за евентуѕалната екстрадиција денес на новинарско прашање рече дека ќе се почека да се конституира новата унгарска влада со која треба да се стапи во контакт.


Слично

Поврзани вести