Економија, финансии, бизнис

Контакт

Mинистерство за култура го објави извештајот за спроведување на препораките на УНЕСКО за Охрид

Mинистерство за култура го објави извештајот за спроведување на препораките на УНЕСКО за Охрид

По барањето на активистите на Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ од Владата јавно да ги презентира сите преземени активности со кои се гарантира статусот на Охридското Езеро и Охрид како светско природно и културно-историско богатство заштитено до УНЕСКО, Министерството за култура објави соопштение со извештајот за напредокот во спроведување на препораките.

Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија во координација со ресорните министерства, институции и општини го изработи извештајот за напредокот во спроведувањето на препораките од одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, соопшти Министерството за култура.

Извештајот е изработен согласно одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, која се однесува на состојбата на природното и културното наследство на Охридскиот регион.

Извештајот е усвоен од страна на Владата на Република Македонија на нејзината 54-та седница, одржана на 13 февруари.

Владата на РМ со ресорните органи и институции, со посебен интерес и внимание ги разгледала и ревидирала активностите предвидени во Охридскиот регион и носењето на одлуки, кои треба да овозможат баланс за идниот развој на регионот, темелен на зачувување на историски исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство на Охридскиот регион како светско наследство.
 
Извештајот за напредокот во спроведување на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО,беше доставен до Центарот за светско наследство на УНЕСКО на 15 февруари 2018.

Слично

Поврзани вести