МИНИСТЕРСКИ СОСТАНОК НА ОБСЕ ВО СКОПЈЕ: Дали ќе се сретнат Лавров и Блинкен?
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров ќе дојде во Скопје на Министерскиот состанок на ОБСЕ, но нема да се сретне со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Москва објави дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Антони Блинкен нема да се сретнат на состанокот на ОБСЕ во Македонија оваа недела. Лавров претходно изјави дека ќе им се придружи на министрите за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), која ги вклучува Канада и Соединетите Држави, во Скопје доколку Бугарија му го отвори својот воздушен простор. Бугарија ќе дозволи прелет, потврдено е попладнево. Тој кажа и дека некои западни земји побарале средби со него.
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков изјави дека Вашингтон не побарал средба, „нема да побара и нема да има средба“, пренесува Тасс.
Состанокот на ОБСЕ, кој има 57 членки, се одржува на 30 ноември и 1 декември.
Бугарскиот воздушен простор е затворен за руски авиони како дел од санкциите на Европската унија воведени поради руската инвазија на Украина, објави Индекс.
foto EPA
