Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерот за животна средина се кандидираше за градоначалник на Битола, Агим Јонуз носител на листа за Скопје

Министерот за животна средина се кандидираше за градоначалник на Битола, Агим Јонуз носител на листа за Скопје

Актуелниот претседател на ЛДП и министер за животна средина се кандидираше за градоначалник на Битола на локалните избори во октомври. Неговата партија ќе настапи надвор од владината коалиција со СДСМ, а заедно со ДОМ.

„Синоќа, ја доставив мојата кандидатура за градоначалник на Битола, во централата на партијата.

Денес, на овој голем празник, овластениот претставник на "Движењето ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ" до општинската изборна комисија ќе ги достави потребните документи, како за градоначалник, така и за советничка листа на Битола.

Долго размислував дали да го прифатам предизвикот и да влезам во изборната трка. Не можев да се оглушам на барањето на членовите на партијата, како и на големиот број на граѓани кои бараа од мене да се кандидирам за градоначалник.

Доколку не се кандидирав, ќе имав чувство дека сум ги предал очекувања и барања на моите пријатели и сограѓани. Тоа ќе беше голем терет за мене и немаше да можам да продолжам да работам со таквите чувства“, објави Милевски.

Во меѓувреме познатиот колумнист и аналитичар познат по својот посебен стил на изразување Агим Јонуз е носител на листа на советници за Град Скопје предложен од „Твоја Партија“, која патем за градоначалник го кандидираше адвокатот Александар Тортевски.



Слично

Поврзани вести