МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО НАЈАВИ КОНТРОЛИ ПО СМРТТА НА РОДИЛКАТА: Меџити засега не открива детали
Ќе се направи дополнителен инспекциски надзор во болницата во Штип, но и на Скопските клиники по смртта на младата трудница од Делчево.
Ова го најави министерот за здравство, Фатмир Меџити на денешната пресконференција.
- За жал вакви случаи во здравството има секаде во светот. Знаете, природата е таква.
Она што го направив, како моја лична одговорност е што утрово иницирав и побарав да се направи вонреден државен и санитарен инспекциски надзор.
Штом ги имаме резултатите ќе бидат соопштени во јавнсота - посочи Меџити.
За потсетување, родилка од Делчево почина на КАРИЛ во Скопје, каде била донесена во лоша здравствена состојба.
Директорот на Клиничка болница - Штип, Ален Ѓеорѓијев потврдува дека вчера после 10 часот родилката од Делчево била донесена во штипската болница. Веднаш на Одделението за гинекологија и акушурство и бил извршен итен царски рез, по што во попладневните часови родилката заедно со новороденчето биле хоспитализирана во Скопје, каде во текот на вечерните часови починала.
Новороденчето се наоѓа на Детската Клиника во Скопје, на интензивна и е на механичка вентилација.
Фото: Принтскрин/МИА
