Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерот за внатрешни најде засолниште на бездомник кој седел во близина на ПС Центар

Министерот за внатрешни најде засолниште на бездомник кој седел во близина на ПС Центар

На иницијатива на министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу, денес (07.01) во соработка со градскиот центар за социјална работа беше згрижено едно лице - бездомник - којшто деновиве поради екстремно ниските температури бил засолнет во еден од влезовите на станбените објекти во близина на ПС Центар. 

Лицето од страна на полициски и социјални службеници е однесено во Центарот за згрижување на бездомни лица во Момин Поток. 

Истовремено, министерот Нухиу иницираше и во наредниот период полициските службеници да посветат внимание на бездомни лица во насока на нивно згрижување, особено сега кога временските услови се директна закана по нивниот живот. 


Слично

Поврзани вести