Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во работна посета во Бугарија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров  во работна посета во Бугарија

Од 14 до 16 февруари шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, ќе престојува во работна посета на Бугарија, каде е предвидено да оствари повеќе билатерални средби  со претседателот на Бугарија, Румен Радев, претседателот на Владата, Бојко Борисов и министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Од  Министерството за надворешни работи (МНР)  соопштија  дека во рамки на билатералната средба со министерката Захариева, која е закажана за 14 февруари, предвидено е Mинистрите да извршат размена на ратификациони документи на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, со што и практично ќе се заврши формалната постапка за стапување на Договорот во сила, по неговата ратификација во Собранието на Република Македонија, на 15 јануари и во Националното Собрание на Република Бугарија на 18 јануари.

На покана на Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини и министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева (во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ), министерот Димитров, на 15 и 16 февруари ќе учествува и на Неформалниот состанок на Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ: Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција – GYMNICH. Дискусиите на состанокот ќе се фокусираат на соработката и партнерството во областа на безбедноста и одбраната, информираа од МНР.


Слично

Поврзани вести