МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ЌЕ МОЖЕ ДА ГИ ОТПОВИКА АМБАСАДОРИТЕ КОИ НЕ „ПЕЕЛЕ“ ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ ПРЕД ДА ОТИДАТ - еве каков документ усвои Собранието
Собрание денес го усвои автентичното толкување на членот 39 од Законот за надворешни работи со кое претставувањето на дипломатските тези пред пратениците се смета за нужен законски услов за секој кандидат за амбасадор. Односно, после усвојувањето на ова автентично толкување, министерот за надворешни работи ќе има одврзани раце да ги отповика амбасадорите кои биле упатени во дипломатска мисија со потпис на поранешниот претседател Пендаровски, но претходно не ги претставиле тезите пред собраниската комисија за надворешни работи.
На оваа тема во Собранието зборуваше и пратеникот Антонио Милошоски.
Слично
