Министерот за култура поднел оставка лут за програмата за поддршка на културата
Министерот за култура Асаф Адеми си поднел оставка од функцијата. Според наши информации тој веќе ја депонирал оставката, но нема да биде избран негов наследник до изборите. Моментно Адеми не оди на работа и го користи одморот.
Инаку според информациите на Фактор официјално навел дека оставката е поради здравствени причини иако од Владата нема потврда за тоа. Сепак според нашите извори, Адеми си оди погоден од тоа што мораше да ја измени годишната програма за доделување на средства во културата. Тој цврсто застана во одбрана на конкурсот и доделенеите пари, но во јавноста, нема дилема, одлуката и распределбата беа оценети како контроверзни.
Адеми во Владата е како кадар на скопското крило на Беса.
Слично
