Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерот за култура Адеми ја прекина соработката со советникот Теодосиевски

Министерот за култура Адеми ја прекина соработката со советникот Теодосиевски

Министерот за култура Асаф Адеми не ја продолжил соработката со советникот Златко Теодосиевски, објави познатиот критичар и колумнист, иако не наведува експлицитно дали станува збор за некакви недоразбирања со владиниот функционер кој е кадар на БЕСА.

Познато е дека Теодосиевски е поставен за советник за креирање културни политики во ресорот минатата година од страна на претходниот министер Роберт Алаѓозовски, а важеше и за критичар на национализмот и на проектот Скопје 2014-та.

Теодосиевски го добил известувањето за престанок на соработката веднаш по Нова Година.

„Меѓу првите честитки во Новата 2019 ми беше и од министерот за култура со известување дека „нема потреба од мое понатамошно ангажирање како стручно советодавно лице за креирање на културни политики за 2019 година“. Јас, наивен, мислев дека реформите допрва почнуваат, а тие штотуку – завршиле!
Но, од друга страна, мислам дека министерот ми направи услуга да не бидам соучесник во тоа што следува. Морам да најдам начин да му се заблагодарам“, напиша Теодосиевски.

Инаку Министерството за култура е на постојан удар на критики од јавноста, а изминатите денови на влезот беше истурена жолта боја и беа испишани натписи.



Слично

Поврзани вести