Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИНИСТЕРОТ ВО ОБИКОЛКА НА САЛАТА БОРИС ТРАЈКОВСКИ: „Земјата ќе ја претставиме донстоинствено“

МИНИСТЕРОТ ВО ОБИКОЛКА НА САЛАТА БОРИС ТРАЈКОВСКИ: „Земјата ќе ја претставиме донстоинствено“

Обиколка на салата „Борис Трајковски“ заедно со лицата ангажирани за Министерскиот совет на ОБСЕ денеска направи министерот за надворешни работи, Бујар Османи, а својот ангажман го објави на Фејсбук. 

- Денес со офицерите за врска од МНР, коишто ќе бидат ангажирани за време на Министерскиот совет на ОБСЕ, бевме во обиколка на салата „Борис Трајковски“ каде што ќе се одржува овој клучен меѓународно-политички настан.

Тие ќе имаат одговорна задача да гарантираат дека сите шефови на делегации, кои ќе присуствуваат на 30-от Министерски совет на ОБСЕ, ќе ја добијат потребната логистика од нас како домаќини. Ова е историска шанса нашата држава да ја претставиме во најдобро светло - напиша Османи на Фејсбук, каде постави и видео од обиколката.

Тој истакан дека секојдневно бил лично ангажиран на терен за подготовките на настанот од секој аспект да течат во најдобар ред.
- Она што можам да го ветам на граѓаните е дека ќе ја претставиме земјата достоинствено - напиша Османи. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести