Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерот уверува: Лековите ремдесивир и фавипивир ги имаме во доволни колични, но тие се даваат само во болница

Министерот уверува: Лековите ремдесивир и фавипивир ги имаме во доволни колични, но тие се даваат само во болница

Министерот за здравство Филипче вели дека во нашите болници има доволни количества на лековите ремдесивир и фавипиравир, но и други потребни медикаменти со кои се третираат болните од ковид.

Ќе се набавуваат и дополнителни колични, но предупреди дека тие се даваат само во болнички услови и кај одредени форми од болеста, по климичка слика. 

„Мора да имаме предвид дека ова е лек кој се дава во болнички услови и се дава по строга индикација на болеста на една од формите на болеста кои може да се манифестираат кај пациентите, значи не кај сите, а после направени крвни анализи. Ние го имаме лекот ремдесивир, го имаме и лекот фавипиравир, има и некоја терапија која исто се дава во комбинација или посебно од овиое два лека. Со помош на кредитот од Светска банка тогаш кога ќе помине Законот во Собрание, ќе започне и постапка со која ќе се купи дополнителна количина за целата 2021 година. Значи, лекови има од секој тип сосем доволно, но тоа се лекови што не се даваат надвор од болница“, рече министерот Филипче. 

Н.Н.Ф. 

Слично

Поврзани вести