Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерот Трипуновски објави две фирми кои наводно непрописно добивале субвенции

Министерот Трипуновски објави две фирми кои наводно непрописно добивале субвенции

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски ги посочи фирмите „Ар експорт ДООЕЛ Увоз Извоз“ и „ДЗС Илинден“ дека непрописно добивале одредена сума на субвенции од државата.

Тој најави дека од денеска започнува со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на министерството, а според актуелниот министер, едно од правните лица е „Ар експорт ДООЕЛ Увоз Извоз“.

„Правното лице „Ар експорт ДООЕЛ Увоз Извоз“ од Струмица кому преку Министерството за земјоделство му било дозволено да земе противправно околу 30 милиони денари за субвенции. Министерството од 2019 до 2022 година со фирмата од Струмица има склучено вкупно 19 договори за вкупна површина од 1416 хектари. По извршениот увид од страна на Државниот инспекторат за земјоделство е констатирано дека за 11 договори со површина од 941 хектари не се почитувале одредбите од страна на закупецот и требало да бидат раскинати. Врз основа на овие договори закупецот од Агенцијата за финансиска поддршка остварил приход по основ на субвенции од 485.000 евра“, посочи Трипуновски.

Како што рече тој, закупецот не се придржувал до бизнис планот како услов и немал платено закупнина за неколку години.

Како втор случај го посочи правното лице „ДЗС Илинден“ со кого, како што информираше Трипуновски, не го плаќал закупот, но го користел државното земјиште и по раскинувањето на договорот и за тоа биле исплаќани субвенции кон субјектто во износ од над 19 милиони денари.

„Институциите мора да работат во служба на граѓаните и затоа го повикувам Јавното обвинителство веднаш да постапи и да истражи, која била целта и зошто се дозволило овие два правни субјекти да добијат огромна сума на пари иако министерството и другите надлежни институции требало навремено да реагираат. Никој не смее и не може да биде над законот“, рече министерот.


Слично

Поврзани вести