Министерот Тошковски ја испрати ќерката на првиот училишен ден
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја испрати својата помала ќерка на првиот училишен ден како прваче.
„Првиот училиштен ден е посебен за секое семејство, па така денеска нашата мала принцеза Илина го прави својот прв чекор во светот на образованието.
Со многу радост и емоции ја испративме на ова нејзино патување. Секој момент од ова значајно животно поглавје да ѝ биде исполнет со радости, нови пријателства и нови знаења“, напиша Тошковски на социјалните мрежи.
Министерот сподели и две фотографии од првиот училишен ден на ќерката.

Слично
