Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерот Спасовски во болница кај повредениот полицаец на вчерашните протести

Министерот Спасовски во болница кај повредениот полицаец на вчерашните протести

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски доцна вечерта го посети повредениот полицаец кој беше на работна задача на вчерашните протести на ВМРО-ДПМНЕ кои блокираа дел од граничниот премин Табановце. 

Повредениот полицаец е сместен во општата болница во Куманово, па министерот Спасовски и началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ му посакаа побрзо да закрепне.

Вчера дојде до инцидент откако групата на демонстранти на опозициската ВМРО-ДПМНЕ започна турканици со полициските службеници кои беа ангажирани да го обезбедуваат просторот пред граничниот премин Табановце. 

Еден од демонстрантите кој нападна полицаец е приведен. Се очекува од ВМРО-ДПМНЕ да протестираат пред Кумановскиот суд против приведувањето на нивни активист.

Слично

Поврзани вести