Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерот Спасовски поради висока температура е хоспитализиран на Инфективната клиника

Министерот Спасовски поради висока температура е хоспитализиран на Инфективната клиника

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од вчера е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, потврдуваат од МВР. Од таму велат дека Спасовски е во стабилна состојба.

„Министерот Спасовски од вчера е на Инфективна клиника поради висока температура. Неговата здравствена состојба сега е стабилна“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Инаку, министерот Спасовски во понеделникот вечерта на својот фејсбук профил објави дека е позитивен на ковид-19. Тој во неделата беше во друштво на премиерот Зоран Заев и неколкуте високи партиски функционери на СДСМ за време на дигиталниот конгрес на владејачката партија.

Покрај министерот, на Инфективната клиника се лекува и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски. Пратеничката Славјанка Петровска и советникот за односи со јавност Марјан Забрчанец вчера на своите фејсбук профили објавија дека се позитивни на коронавирус. Позитивен тест на ковид-19 има и портпаролката на СДСМ Богданка Кузевска.

Слично

Поврзани вести