Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ Е ЗНАЧИТЕЛНО ПОДОБАР - лекувањето се уште продложува на Инфективната клиника

МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ Е ЗНАЧИТЕЛНО ПОДОБАР - лекувањето се уште продложува на Инфективната клиника

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, се чувствува значително подобро, но се уште е на болничко лекување, на Клиниката за инфективни болести.

Ова го дознава Фактор од болнички извори.

Тие велат дека состојбата на Спасовски е многу подобрена, но според медициснките лица, се уште е потребно лекувањето да продолжи во болнички услови. 

Како што е познато, пред околу една недела, министерот Спасовски беше хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, поради висока температура.

Инаку, министерот Спасовски пред десетина дена на својот фејсбук профил објави дека е позитивен на ковид-19. Тој ден претходно беше во друштво на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Љупчо Николовски, мо нивните тестови за ковид беа негативни. 

Слично

Поврзани вести