Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерот Салиу кој е опфатен со обвинението за пожарот во Кочани, кандидат за градоначалник на Шуто Оризари

Министерот Салиу кој е опфатен со обвинението за пожарот во Кочани, кандидат за градоначалник на Шуто Оризари

Актуелниот министер без ресор Шабан Салиу, кој како директор на Дирекцијата за заштита и спасување од 2008 до 2017 година е опфатен со обвинението за пожарот во дискотекта „Пулс“ во Кочани, се кандидира за градоначалник на општина Шуто Оризари.

„Стојам тука пред вас исполнет со гордост и благодарност. Шуто Оризари е единствената општина во светот водена од ромската заедница, место каде секој камен шепоти приказни за нашата историја, култура и непокорен дух. Денес заеднички носиме одлука за нашата иднина, за чесно и одговорно управување со нашата општина,“ порача Салиу во неговиот говор пред жителите на општина Шуто Оризари.

Тој  вели дека има политичка визија и програма за модерна, функционална и достоинствена општина. Приоритет ќе му биде изградба на инфраструктура која ќе донесе квалитетен живот за сите жители, како што се асфалтирани улици до секој дом, проширен водовод и канализација, LED осветлување и безбедни пешачки патеки, како и нови социјални станови за семејствата што долго чекаат покрив над глава.

„Посебно внимание ќе биде посветено на образованието и културата преку изградба на модерно основно училиште, поддршка на културните институции и создавање услови младите да ја носат ромската традиција во срцето, а знаењето да го градат според најсовремените методи“, истакна Салиу.

Салиу ја нагласи и важноста на здравјето и социјалната грижа за жителите на оваа скопска општина, притоа најавувајќи формирање на мобилен здравствен тим, целосна обнова на амбулантата, изградба на дом за повозрасни и формирање на Фонд за поддршка на ранливите семејства.

Слично

Поврзани вести