Министерот признава дека инспекцијата потфрлува: Државата не е подготвена да увезува отпад како гориво
Ќе се измени регулативата со што во Македонија ќе биде забрането да се уввезува РДФ (отпад којсе користи како гориво). Ова денеска го потврди министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, а како што вели, тоа произлегува од тоа што, како што рече има сомнеж дека не сме подготвени за соодветна имплементација на предвидената регулација.
Министерот разбира дека ова прашање ги загрижува граѓаните. Според предлог законот било предвидено државата да може да увезува РДФ, пред да почне и самата да го создава од својот отпад.
„Би сакал да напоменам, дека предложената одредба е комплетно хармонизирана со ЕУ законодавството и Базелската конвенција, по кои всушност и ние самите, на пример, ги извезовме количините на винил-хлорид во ОХИС, или ќе го извезуваме линданот кој ќе започне да се чисти од следната недела. РДФ-от кој е единствено дозволен за увоз за користење како алтернативно гориво, е неопасен нерециклирачки комунален отпад, за кој има пропишано стандарди и кој емитува значително помалку емисии на СО2 и има поеколошки животен циклус од користењето на девствени ресурси, односно најчестиот мазут или петролкокс за што е замена. Затоа, во согласност со регулативата на ЕУ и принципите на циркуларна економија беше предвидена можност и за негов увоз, пред ние самите да почнеме да го создаваме од нашиот отпад. Меѓутоа, јас ја разбирам загриженоста на граѓаните за недоволната контрола и немањето на капацитет за редовна и темелна инспекција, изјави Нуредини.
Денеска на второ комисиско читање во Собранието конечно се најдоа шесте долго најавувани закони од областа на управувањето со отпадот.
